Екипата на Рома се соочува со казна поради пропуст во организацијата на римското дерби, ако тоа воопшто може да се нарече пропуст…
Актуелниот италијански вицешампион е казнет со симболични 2.500 евра поради тоа што собирачите на топки покрај аут линијата на биле премногу ажурни во последните десетина минути, па фудбалерите на Лацио сами мораа да трчаат по нив при изведувањето на аут или корнер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не би зачудувало ниту тоа доколку децата задолжени за оваа работа добиле такви инструкции, бидејќи познато е дека за победа во римското дерби не се бираат средства.
Рома на крајот славеше со 2:1 со головите на Пероти и Наинголан, па оваа казна сигурно нема тешко да им падне бидејќи победата во градското дерби секогаш е најслатка.