Дома Фудбал Англија Промашување на сезоната во ПЛ? Од половина метро не погоди празен гол! 🎥

Промашување на сезоната во ПЛ? Од половина метро не погоди празен гол! 🎥

Њукасл и Лестер вчера ремизираа 0:0 без голови во 37-то коло од Премиер лигата, а во овој натпревар го видовме и едно од најголемите промашувања во сезоната.

Се играше 73-тата минута кога Бразилецот Бруно Гуимараеш од половина метро не успеа да ја смести топката во мрежата.

Newcastle vs Leicester – Guimaraes incredible miss . 71’
by u/Sal21G in soccer

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За негова среќа ретко кој ќе го памети ова промашување затоа што Њукасл и со освоениот бод математички го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона. Последен пат овој тим во најелитното европско натпреварување играше во сезоната 2002/2003.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…