Дома Фудбал Останато Промашувањето на Реал Мадрид од 13 милиони евра

Промашувањето на Реал Мадрид од 13 милиони евра

Преодниот рок заврши вчера, а Реал Мадрид не успеа да се ослободи од Лукас Силва.

Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2015 година од Крузеиро и за Реал од тогаш одигра само девет натпревари.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


После само шест месеци следуваше позајмица во Марсеј, а потоа од 2017 година до ова лето беше на позајмица во Крузеиро и се врати во Мадрид.

Зинедин Зидан не сметаше на него, па Реал се обиде да пронајде клуб за него цел да заработи нешто, но не успеа.

Силва со Реал имаше договор до 2020 година, па клубот беше принуден да го раскине договорот со него, сега Бразилецот е без ангажман.

Се споменува дека кариерата би можел да ја продолжи во Мексико, Аргентина или Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…