Дома Фудбал Останато Проклетството на Пјонтек: Неговото доаѓање е почеток на крајот за еден тренер!

Проклетството на Пјонтек: Неговото доаѓање е почеток на крајот за еден тренер!

Можеби работите ќе се променат, но засега на Криштоф Пјонтек не му оди. Полскиот напаѓач пред една година дојде во Милан и брзо си замина иако имаше одличен почеток, но добриот почеток беше се од него. Сега е забележана и една интересна ситуација со тренерите.

Се започна во 2018 година кога Пјонтек пристигна во Џенова која тогаш беше предводена од Давиде Балардини. После лошите резултати веќе во октомври Балардини беше заменет од Иван Јуриќ. Хрватот не се задржа си замина после два месеци, па стигна Прандели. Тогаш Пјонтек поради одличните настапи направи трансфер во Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради неуспехот да го одведе тимот во Лигата на шампионите, Џенаро Гатузо си замина на крајот на сезоната. Сезоната Милан ја започна со Марко Џампаоло кај кого полскиот напаѓач не се наигра. Еден од најлошите стартови на Милан значеше дека Џампаоло ќе замине, а на негово место дојде Пиоли. Полскиот напаѓач повторно немаше значајна улога во тимот и си замина.

Во јануари пристигна во Херта која имаше амбициозен проект. На клупата на Херта беше Јирген Клинсман. Сепак, после само 76 дена и три победи во десет натпревари германскиот стратег го напушти клубот и го продолжи „проклетството“ на Пјонтек.

Јуни 2018: Пјонтек дојде во Џенова

Октомври 2018: Балардини семент, Јуриќ дојде во клбуот

Декември 2018: Јуриќ сменет, Прандели дојде

Јануари: 2019 Пјонтек дојде во Милан

Мај: 2019 Гатузо си замина, Џампало го замени

Октомври 2019: Џампало замина, Пиоли дојде

Јануари 2020: Пјонтек дојде во Херта

Февруари 2020: Клинсман го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…