Дома Останати Тенис Продолжува хаосот на Вимблдон: Трет тенисер се повлече поради ковид-19

Продолжува хаосот на Вимблдон: Трет тенисер се повлече поради ковид-19

Шпанецот Роберто Баутиста Агут објави дека мора да се откаже од Вимблдон поради позитивен тест на ковид-19.

Тој е третиот тенисер кој го откажува настапот поради иста причина. Агут требаше да се сретне со Даниел Галан во второто коло, но се соочи со судбината на Марин Чилиќ и Матео Беретини.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Денес за жал морав да ги известам организаторите дека го завршувам настапот на турнирот. Вчера не се чувствував добро и се тестирав, тестот излезе позитивен и верувам дека одлуката за повлекување е најдобрата која можам да ја донесам“, изјави шпанскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…