Дома Фудбал Продолжува да ги решета мрежите – нов нереален гол на Александар Митровиќ!

Продолжува да ги решета мрежите – нов нереален гол на Александар Митровиќ!

Во 10. коло од шампионатот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал го совлада Ал Калиј со 1:0, а единствениот гол го постигна одличниот српски фудбалер Александар Митровиќ и тоа на навистина одличен начин.

Александар Митровиќ ја продолжи серијата голови во Саудиска Арабија. И овој пат му донесе три бода на својот тим со својот осми сезонски гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ал Хилал на овој натпревар влезе без најголемата ѕвезда Нејмар. Бразилецот заработи тешка повреда на коленото поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Одлучувачкиот момент на овој натпревар се случи во 30. минута. Неверојатниот Александар Митровиќ погодува со глава на навистина феноменален начин и му носи предност на својот тим од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид повторно направи кикс и титулата веќе е сон

Реал Мадрид направи нов кикс и заврши 1:1 со Џирона во натпреварот од 31-то специјално рет…