Дома Останати Кошарка Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува бајката на австралиската кошарка, откако во четвртфиналето од ОИ ја декласираа фаворизираната Литванија со 90-64.

„Кенгурите“ уште еднаш потврдија дека се наоѓаат во извонредна форма и со супериорна игра во целост го декласираа литванскиот тим, кој е актуелен европски вицепрвак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Уште по првиот период, Австралија изгради висока предност (26:17), која до одморот ја удвои на плус 18 поени (48:30), а по 30 минути игра имаа и максимална предност од 32 кошеви.

Играчот на Сан Антонио Пети Милс со 24 поени (5 тројки) ја предводеше Австралија. Бејнс уфрли 16, Делаведова 15, а Богут имаше учинок од по шест поени и асистенции и седум скокови.

Кај Литванија двоцифрен учинок имаа само Калниетис и Кавалиаускас, двајцата постигнаа по 12 поени.

Австралија во полуфиналето ќе игра против победникот од балканското дерби Србија-Хрватска кое се игра во три часот по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

(Видео) Навивачите на Партизан го пронајдоа виновникот за тепачката на мечот во Евролигата

Kошаркарите на Партизан претрпеа дебакл во својата Белградска арена од Париз, кој славеше …