Дома Фудбал Франција Провокација од Мбапе до Реал? Се фотографираше со тројцата поранешни играчи на „кралевите“ 📸

Провокација од Мбапе до Реал? Се фотографираше со тројцата поранешни играчи на „кралевите“ 📸

На големо се најавуваше трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, трансферот во еден момент изгледаше и како завршена работа, но на крајот Французинот донесе одлука да остане во Париз.

Дека голем број навивачи на Реал сметаа дека ќе го имаат Мбапе наредната сезона покажува и ситуацијата со Инстаграм профилот на Мбапе каде што изгуби 700.000 фанови по објавата дека продолжува во ПСЖ (тука).

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мбапе даде изјава во која потврди дека преговарал со Реал Мадрид и дека му претставува чест што така голем клуб се интересирал за него (тука). Сепак, една фотографија од прославата на титулата со ПСЖ може да се протолкува и како провокација до Мадрид.

Имено, Мбапе се фотографираше со тројцата поранешни фудбалери на Реал кои сега го носат дресот на ПСЖ: Кејлор Навас, Серхио Рамос и Ашраф Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Влаховиќ подготвен да потпише нов договор со Јувентус

Можеби ќе биде одложено враќањето на теренот на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, за …