Дома Фудбал Лига на шампиони Провокации пред вечерашното дерби: Парите не постигнуваат погодоци

Провокации пред вечерашното дерби: Парите не постигнуваат погодоци

Дербито на второто коло во Лигата на шампионите се игра вечерва во Париз и тоа помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Двата големи клуба вечерва ќе одлучуваат кој во овој момент подобар тим, а пред овој натпревар мали провокации кон богатиот клуб од Париз упати Холанѓанецот од редовите на Баерн Минхен, Арјен Робен.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Робен јасно им порача дека парите не можат да постигнуваат погодоци.

„ПСЖ може потроши многу повеќе пари од нас на засилувања, но парите не постигнуваат погодоци. Квалитетот е она што пресува, подобриот тим победува“, гласеше пораката на Робен пред вечерашниот натпревар.

Да потсетиме, ПСЖ ова лето го доведе Нејмар за сума од 222 милиони евра што е најголем трансфер во историјата, а го доведоа и Килијан Мбапе како позајмен фудбалер за кого наредното лето ќе исплатат сума од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓекереш одбил трансфер во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Спортинг Лисабон Виктор Ѓекереш ја одбил можноста за трансфер во Манчестер Ју…