Стратегот на Јувентус, Андреа Пирло се соочува со проблем пред натпреварите против Наполи во Серија А и Порто во Лигата на шампионите.
Летното засилување на Јувентус од Барселона, Бразилецот Артур нема да биде во конкуренција за дербито во Серија А, а под знак прашалник ќе биде и натпреварот против Порто во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа информација е потврдена на официјалниот сајт на Јувентус на кој се соопштени резултатите од прегледите откако Бразилецот повторно почувствувал болки во десната нога.
Во овој момент не се знае кога Артур ќе се врати на теренот, меѓутоа изгледа Пирло извесен период ќе биде без неговите услуги.
Дербито помеѓу Наполи и Јувентус се игра во сабота во 18:00 часот.