Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус пред дуелите со Наполи и Порто

Проблем за Јувентус пред дуелите со Наполи и Порто

Стратегот на Јувентус, Андреа Пирло се соочува со проблем пред натпреварите против Наполи во Серија А и Порто во Лигата на шампионите.

Летното засилување на Јувентус од Барселона, Бразилецот Артур нема да биде во конкуренција за дербито во Серија А, а под знак прашалник ќе биде и натпреварот против Порто во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа информација е потврдена на официјалниот сајт на Јувентус на кој се соопштени резултатите од прегледите откако Бразилецот повторно почувствувал болки во десната нога.

Во овој момент не се знае кога Артур ќе се врати на теренот, меѓутоа изгледа Пирло извесен период ќе биде без неговите услуги.

Дербито помеѓу Наполи и Јувентус се игра во сабота во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …