Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус: Повредата на Погба е посериозна?

Проблем за Јувентус: Повредата на Погба е посериозна?

Проблемите за Јувентус со повредата на Пол Погба изгледа се посериозни отколку што се мислеше.

Французинот не отпатува во Далас на мечот со Барселона, во Јувентус се во исчекување на специјалистичкиот преглед. Погба почувствува болка во коленото и се сомнева на менискус, поточно лигаментите на коленото што ако се покаже како точна прогноза ќе го одложи неговото второ деби во официјалните натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во таков случај опоравувањето би траело околу два месеци и тој би бил спремен после репрезентативната пауза во втората половина на септември.

Секако дека тоа би било удар за клубот од Торино затоа што очекувањата се Погба да биде еден од лидерите на „новиот“ Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…