Дома Фудбал Останато Проблем за Роналдо: Полицијата повторно го отвори случајот од 2009 година (ФОТО)

Проблем за Роналдо: Полицијата повторно го отвори случајот од 2009 година (ФОТО)

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо се најде во големи проблеми откако повторно е обвинет за силување на поранешната американска студентка Кетрин Мајорга.

Кетрин за германски „Шигел“ одлучи да даде изјава во која објаснува како Роналдо брутално ја силувал во 2009 година во еден луксузен хотел во Лас Вегас. Исто така истакна дека Португалецот и платил 287.000 фунти за да не зборува за она што се случувало таа ноќ. Секако, Роналдо експресно ги демантираше таквите тврдења.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, изгледа дека проблемите за Роналдо што туку почнуваат бидејќи полицијата во Лас Вегас повторно започна истрага околу наводното силување. Дективите работат на основа на приказната која ја расакажа Кетрин и ќе се обидат да дојдат до докази, доколку има вистина изјавата.
Американката додаде и дека едноставно не можела да го држи повеќе во себе тоа што се случувало таа ноќ и дека морала тоа јавно да го каже иако имала договор со

Роналдо. Но, сигурно дека се додека нема докази сите на ова ќе гледаат со голема доза на резерва, останува да се дознаат повеќе информации после истрагата на американската полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …