Дома Фудбал Проблем за Реал, капитенот мора на пауза!

Проблем за Реал, капитенот мора на пауза!

Нов удар за Зинедин Зидан.

Зинедин Зидан и онака има доволно проблеми, а сега ќе мора да се соочи и со повредата на капитенот на тимот на Серхио Рамос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што потврди мадритскиот клуб Рамос поради проблеми со мускулите ќе мора да паузира помеѓу две и три недели.

Oва значи дека тој ќе го пропушти гостувањето против Селта во недела како и натпреварот против Виљареал наредниот викенд, но и реваншот од четвртфиналето во шпанскиот куп против Нумансија.

Ова не е единствениот проблем за Здиан, бидејќи гостувањето во Виго ќе го пропуши и Дани Карвахал кој е суспендиран,

Реал во овој момент е четврти на табелата со 14 бодови помалку од Барселона која има и натпревар повеќе.

Натпреварот помеѓу Селта и Реал Мадрид се игра во недела со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо заминува од Челси: Реал и ПСЖ го сакаат за „астрономска” сума

Челси го промени ставот за Енцо Фернандес (25) и е подготвен да го одобри неговото заминув…