Томас Тухел на располагање го има веројатно најдобриот напад на располагање, но средниот ред започнува да му прави проблеми.
Имено, Адриен Рабио поради одбивањето на го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната ќе остане на клупата за резерви, па од фудбалерите кои може да ја покриваат позицијата последен и централен игач за врска на Тухел му останаа само Марко Верати и искусниот Ласана Диара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ласана Диара не се наигра од доаѓањето во ПСЖ, но на Тухел секако му е важно да има алтерантива за Верати. Сепак, сега пристигнува вест дека 33 годишниот Диара побарал раскинување на договорот со ПСЖ и дека преговорите со него и клубот се во тек.
Наводно Диара сака да ја заврши кариерата половина година пред истекот на неговиот договор со ПСЖ со цел да се посвети на другите работи, пред се приватниот бизнис.