Дома Фудбал Германија Проблеми помеѓу Левандовски и Баерн

Проблеми помеѓу Левандовски и Баерн

Роберт Левандовски и раководството на минхенски Баерн наишле на препрека при потпишување на новиот договор.

Полскиот напаѓач е врзан со договор за баварскиот великан до 2021. година, но клубот му понуди нов договор кој е за една година подолг од актуелниот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, 30-годишниот фудбалер сака подолг договор со минхенскиот тим. Нема намера да ја продолжува соработката за само една дополнителна година и сега дојде до проблем во преговорите.

Лева веќе пет години е член на Баерн. Освои апсолутно се со овој клуб, а иако често се поврзуваше со заминување, тој и натаму е член на Баерн.

Оваа сезона Левандовски повторно играше добро. Одигра вкупно 45 натпревари, постигна 38 погодоци и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Гвардиола го откри играчот кој не може да го замени: Едноставно, не можеме без него

МАНЧЕСТЕР СИТИ на својот терен го совлада Фулам со 3:0 во 26. коло од Премиер лигата, задр…