Дома Останати Кошарка Проблеми за Србите на стартот: Светското првенство го отвараат само со 11 играчи!

Проблеми за Србите на стартот: Светското првенство го отвараат само со 11 играчи!

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ има проблеми пред почетокот на Мундобаскетот.

Ѓорѓевиќ соопшти дека за утрешниот натпревар против Ангола нема да смета на Немања Бјелица

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бјелица го повреди коленото и се опоравува, но селекторот не сака ништо да ризикува бидејќи Бјелица е важен играч за тимот на Србија и сака да го има во завршницата од натпреварувањето.

„Утре сме без Бјелица, тој ќе одработи еден тренининг утре, одиме ден во ден. Доколку беше некој поважен натпревар сиугрно ќе кажеше: Сале, ќе играм нема проблеми. Вака и покрај желбата мораме да бидеме разумни“, изјави Ѓорѓевиќ.

Натпреварот помеѓу Србија и Ангола на програмата е утре во 09:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Денвер се радуваат поради неуспехот на Србија на Евробаскетот, причината е Никола Јокиќ

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа огромен срам на Европското првенство во Риг…