Одбојкарската репрезентација на Македонија се соочува со проблеми пред утрешниот натпревар против Турција (13:00 часот). Тоа ќе биде трет натпревар на Европското првенство во претходните два бевме поразени од домаќинот Финска и Холандија.
Пред третиот натпревар се соочуваме со проблеми затоа што Васе Михаилов и Стојан Илиев се во изолација. Тие се ставени во Изолација затоа што седеле најблиску до двајца патници кои биле позитивни на ковид-19.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во федерацијата биле информирани дека нивните тестови не биле позитивни, но биле сомнителни.
„Реагиравме во ЦЕВ. Информирани сме дека нивните ПЦР тестови се сомнителни и сега ги чекаме резултатите од фвторото. Во изолација се затоа што во авионот со кој пристигнавме во Тампере на 26. Август имало двајца позитивни. Во очекување сме за двајцата, а дополнително проблем е повредата на Маџунков“, изјави генералниот секретар на ОФМ, Зоран Кастратовиќ.