Напаѓачот на Интер и чилеанската репрезентација, Алексис Санчез заработи повреда на денешниот пријателски меч против Колумбија.
После деталните прегледи Чилеанскиот фудбалски сојуз соопшти дека Санчез ги повредил лигаментите на левиот скочен зглоб.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Првичните прегледи покажаа дека Алексис Санчез има дислокација на скочниот зглоб. По враќањето во Милано врз него ќе бидат извршени детални прегледи, а не се исклучува можноста да мора да биде извршен и хируршки зафат“, соопштија од Федерацијата.
Санчез веќе заминал во Милано, а првичните прогнози се дека сигурно неколку месеци ќе отсуствува од терените.
Во најдобар случај Чилеанецот ќе се врати во тимот на Конте после Нова Година.