Дома Фудбал Италија Проблеми за „Волчицата“ пред дербито со Милан

Проблеми за „Волчицата“ пред дербито со Милан

roma

Фудбалскиот клуб Рома се соочува со проблем пред големото дерби против Милан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Лоренцо Пелегрини нема да биде во комбинација за натпреварот против „росонерите“. Пелегрини се здобил со грип во Азербејџан каде што Рома го победи Карабах со 2:1 во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Повредени од Азербејџан се вратија уште Диего Пероти и Грегор Дафрел, кои исто така не ќе можат да настапат против Милан, а под знак прашалник е и настапот на Емерсон.

Да потсетиме, Роме веќе подолго време е без Патрик Шик, Рик Красдорп и Емерсон Палмери.

Во средниот ред против Милан би требало да играат Кевин Стротман, Даниеле Де Роси и Раџа Наинголан, додека Максим Гоналон веројатно ќе биде изоставен поради лошото издание против Карабах.

Поради проблемите со составувањето на напаѓачката линија, местото десно крило би требало да го превземе Алесандро Флоренци кој до сега играше како десен бек.

Рома натпреварот против Милан го игра во недела со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…