Дома Фудбал Германија Проблеми за Баварците – Баерн како болница!

Проблеми за Баварците – Баерн како болница!

Баерн Минхен има големи проблеми со повредени фудбалери пред дуелот во Лига на шампиони против Бенфика.

Најголем шок е секако повредата на Корентин Толисо кој ги скина вкрстените лигаменти и ќе треба да паузира околу 6 месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Проблеми има и Франк Рибери кој денес не тренираше со остатокот од тимот, а Арјен Робен е далеку од враќање на терените.

За време на денешниот тренинг се повреди и Леон Горецка. Играчот за врска има проблеми со десната нога и денес ќе биде подложен на детални прегледи.

Се стравува дека и кај него повредата е сериозна бидејќи го напушти теренот со помош на соиграчите.

Од поодамна е познато дека повредата на Квинсли Коман е тешка и за него сезоната е завршена.

Поради тоа тренерот Ковач ќе има големи проблеми при составувањето на тимот за Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Падна договор: Познато која позиција ќе ја засилува Реал Мадрид

Реал Мадрид веќе размислува за засилување на десната бековска позиција, пренесува „The Ath…