Дома Видео Проблеми за Азар надвор од теренот: Се појави видео на кое е со непозната девојка, ја изневерил својата сопруга? 🎥

Проблеми за Азар надвор од теренот: Се појави видео на кое е со непозната девојка, ја изневерил својата сопруга? 🎥

На Еден Азар на теренот не му оди веќе подолго време, а сега може да си создаде и проблеми во приватниот живот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ужива во друштво на непозната девојка.

Шпанците пишуваат дека Азар е во центарот на голем скандал после објавеното видео од една дискотека кое наводно е направено во текот на репрезентативната пауза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Твитер е објавено видео на кое се гледа како Азар се забавува со непозната девојка, шпанските медиуми на големо пренесуваат и дека ја изневерил својата сопруга.

Азар во дискотеката останал до раните утрински часови и веројатно не му се допаѓа што неговото забавување стигнало до медиумите. Откако беше објавено видео набрзо стана една од главните теми. Многумина се обидуваат и да го откријат идентитетот на девојката со Азар.

Засега, ниту Азар, а ниту неговата сопруга не се огласиле на оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Мбапе е генијалец: Погледнете го „лудиот“ дриблинг против Лориен 🎥

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше стрелец на два гола за ПСЖ во натпреварот против Ло…