Tренерот на Партизан кој беше повреден од навивачите по вчерашниот дебкл против Црвена Звезда поднел оставка, пренесува „Телеграф“.
Според информациите оваа одлука Станојевиќ ја соопштил на управата на клубот кој денес ќе одлучува за неговата иднина.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Одлуката на Станојевиќ доаѓа по поразот во 174. „вечно дерби“ и скандирањето на навивачите против него.
Станојевиќ трети пат во кариерата го презема Партизан пред само четири месеци, меѓутоа тимот со него на кормилото беше елиминиран од сите европски натпреварувања и слабо ја започна сезоната во Суперлигата.