Дома Фудбал Италија Притисокот беше преголем: Алегри изненадувачки исчезна од друштвените мрежи

Притисокот беше преголем: Алегри изненадувачки исчезна од друштвените мрежи

alegri

Maсимилијано Алегри утрово ги избриша сите свои профили на друштвените мрежи.

Тренерот на Јувентус е познат по своите активности на Инстагрм и Твтиер каде што со навивачите споделуваше фотографии, но и даваше свои коментари за натпреварите, што не е честа појава кај тренерите.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Но после првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико во Лигата на шампионите во која Јувентус изгуби со 2:0 навивачите започнаа жестоко да го критикуваат. Алегри и пред тој натпревар не беше омилен кај еден дел од фановите, но после средбата со шпанскиот клуб тој број значително се зголеми.

Навивачите започнаа да испраќаат критики и навреди на скоро секоја објава на Алегри од официјалните профили, а како негов наследник навивачите го посакуваат Зинедин Зидан. Мал дел посакуваати враќање на Конте.

На Алегри најмногу му се замерува тоа што игра премногу дефанзивно, а располага со одлични напаѓачи, Во Торино во овој момент ретко кој го интересира дербито со Наполи во Серија А каде што Јувентус има 13 бода предност.

Се зборува само за Атлетико – реваншот во Лигата на шампионите кој се игра на 12-ти март во Торино.

Низ италијанските медиуми може да се прочита и дека ова е клучен натпревар за иднината на Алегри. Многу веројатно Алегри ги избришал неговите профили со цел да го намали притисокот кои му го создаваат навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…