Дома Фудбал Италија Пристигна доказ дека Милан наскоро добива нови газди

Пристигна доказ дека Милан наскоро добива нови газди

Екипата на Милан вчера победи со 2:0 против Џенова и со натпревар повеќе се врати на врвот во Серија А.

Во медиумите се појавија информации дека Милан добива нови газди, а сега како најава или потврда за ваквите информации е пораката на веројатно идниот претседател на „росонерите“, Мохамед Махуф ал Арди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за претседателот на инвестицискиот конзорциум од Бахреин „Инвесткорп“ кој преговарал да го купи италијанскиот гигант за сума од една милијарда евра.

„Честитки до Милан за враќањето на врвото во Италија. Среќен Велигден на сите во клубот, неговите навивачи и сите кои ја следат оваа ситуација. #ЗасекогашМилан“, напиша Ал Арди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотална доминација: Премиерлигашите потрошиле 2.37 милијарди фунти ова лето

Откако Лидс го потпиша фудбалерот на Милан, Ноа Окафор, за 18.000.000 фунти, вкупната потр…