Дома Македонски спорт Мак фудбал Пристигнаа резултатите: Во Вардар сите се негативни на Ковид 19

Пристигнаа резултатите: Во Вардар сите се негативни на Ковид 19

Синдикатот на фудбалери на Македонија објави уште една добра вест по вчерашното тестирање во фудбалскиот клуб Вардар.

Сите тестирани во таборот на „црвено-црните“ се негативни на Ковид-19 што претставува уште еден добар знак пред евентуалното продолжување на сезоната во Првата лига.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„ФК Вардар ја информира јавноста дека добиените резултати од вчерашното тестирање за Ковид-19 на фудбалерите и вработените се негативни. Благодарност до синдикатот на фудбалери на Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина за извршеното тестирање“, соопштија од клубот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…