После неверојатниот судиски пропуст на мечот Барселона –Бетис, кога арбитрите не му признаа регуларен гол на Луис Суарез, се повеќе се говори за воведување на видео технологија во Примера.
Како што изјави претседателот на Примера, Хавиер Тебас воведувањето на VAR технологијата во шпанската лига се очекува од сезоната 2018/19, кога таа во целост ќе биде прифатена од ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моментов се спроведуваат тестови. На воведувањето ’видео судија’ работите во последните месеци. Во Примера новиот систем ќе го тестираме од следната сезона. Кога ќе го одобри ФИФА ќе го воведеме и официјално во натпреварите од 2018 година“, изјави Табас.
ФИФА минатиот март прифати пробно користење на VAR технологијата во период од две години, и таа би требало да им помага на судиите при донесувањето на клучни одлуки.
Во Шпанија за сега не постои ни технологија на котрола на гол-линијата, која не е воведена од финансиски причини, а ја има во Премиер лигата и Серија А.