Дома Останати Тенис Приведената чешка тенисерка: Ова ми се случи поради Ѓоковиќ

Приведената чешка тенисерка: Ова ми се случи поради Ѓоковиќ

Чешката тенисерка Рената Ворачова е приведена и сместена во хотелот за мигранти во Мелбурн поради аферата околу учеството на невакцинирани тенисери на Австралијан опен.

Иако се откажа од турнирот, му посака на Ѓоковиќ да се избори на Суд да игра на Австралијан опен, зашто спортистите дошле во државата за да играат тенис, а не да решаваат проблеми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова ми се случи поради Ѓоковиќ, а мислам дека не сум единствена. Исклучок од медицински причини беше издаден на повеќе лица. Но во исто време сакам да го пуштат да игра. Ние сме спортисти, тука сме поради тенисот и не се занимаваме со спорови во нивната политика. Ги прочитавме правилата, ги исполнивме условите, не гледам причина зошто да седиме затворени во хотел“, изјави таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со урнебесна објава и во летна облека го честиташе Божиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери е посветен на подготовките за новата на…