Дома Македонски спорт Мак ракомет Прибак и Јоноски отпаднаа за двомечот со Исланд!

Прибак и Јоноски отпаднаа за двомечот со Исланд!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, одбра 19 играчи кои ќе ги започнат подготовките за квалификацискиот двомеч против селекцијата на Исланд.

Шпанецот, за девет имиња, го скрати поширокиот список, кој го објави минатата недела. Меѓу тие деветмина кои отпаднаа од списокот се и искусните Немања Прибак и Аце Јоноски.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Списокот на Раул Гонзалес за двомечот со Исланд:

Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одрохеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази), Филип Лазаров (Тимисоара), Жарко Пешевски (Металург),
Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талески (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (ППД Загреб), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург).

Гонзалес првиот тренинг со ракометарите ќе го одработи на 1.мај, а првиот меч ќе се одигра три дена подоцна во арената „Борис Трајковски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…