Дома Фудбал Франција Претседателот на ПСЖ беснеел и ги нападнал судиите по поразот од Реал!

Претседателот на ПСЖ беснеел и ги нападнал судиите по поразот од Реал!

ПСЖ вчера го прокоцка водството од првиот натпревар против Реал Мадрид откако Бензема со хет-трик ги расплака парижаните и ги испрати во Франција со наведнати глави.

„Марка“ пишува дека Келаифи брзо по третиот гол на Реал Мадрид ја напуштил ложата, а по натпреварот влегол во соблекувалната на ПСЖ да се пресмета со судиите. Како што пренесува шпанскиот медиум тој им ја клоцнал опремата, а реагирало обезбедувањето да спречи поголем инцидент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Судиите во извештајот од натпреварот напишале дека Ал Келаифи дошол до нивната просторија се дерел и бил агресивен при што ја оштетил опрематан а еден од помошниците.

Во текстот се додава дека еден од тренерите на Реал го снимил дивеењето на Ал Келаифи и таа снимка ќе биде испратена до УЕФА.

По натпреварот на судењето се пожали и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

„Имаше чист фаул над Донарума при првиот гол. Одлуката на ВАР не беше фер. Не можам дека технологијата не беше искористена и во овој случај. Не бараме оправдување за елиминацијата, ние секако ќе ја разгледаме“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Фудбалер во Бугарија заврши во притвор – возел со 2.32 промили алкохол!

Изненадувачки вести доаѓаат од Бугарија – фудбалерот на ЦСКА Софија, Давид Пастор, е…