Дома Фудбал Италија Претседателот на Аталанта за Шкртел: „Беше тажен поради сопругата“

Претседателот на Аталанта за Шкртел: „Беше тажен поради сопругата“

Одлуката на Мартин Шкртел за после само еден месец да ја напушти Аталанта беше изненадувачка за фудбалската јавност.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул во Бергамо беше представен како големо засилување, за брзо време навивачите ги разграбаа неговите дресови, но авантурата во италијанскиот прволигаш кратко траеше.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


После неполн месец искусниот фудбалер потпиша со Аталанта раскинување на договорот и замина во Турција, а што се крие зад целата приказна конечно откри претседателот на клубот од Серија А, Антонио Перкаси.

„Не се вклопи во системот? Не. Беше добар дечко, но тажен. Беше тажен бидејќи неговата сопруга не сакаше да дојде овде.“ – откри Перкаси.

Така, Шкртел без ниту еден одигран натпревар замина од Аталанта, а иако во меѓувреме неколку клубови се интересираа за неговиот потпис, на крајот заврши во Истанбул Башакшехир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета воведе практика која ги чини играчите на Арсенал илјадници фунти.

Микел Артета стана шеф на стручниот штаб на Арсенал уште во далечната 2019 година. Шпанецо…