Дома Видео Претседателот на Ал Наср од Саудиска Арабија не го познавал Роналдо 🎥

Претседателот на Ал Наср од Саудиска Арабија не го познавал Роналдо 🎥

Во медиумите пред неколку дена беше објавено дека Кристијано Роналдо е блиску до преселба во Ал Наср за договор вреден 200 милиони евра по сезона. Сепак, Португалецот набрзо демантираше дека има договор со клубот од Саудиска Арабија.

Сега на социјалните мрежи се појави и кратка изјава на првиот човек на Ал Наср Ал Мамар за Роналдо. Иако сите светски медиуми потврдија дека Ал Наср има испратено понуда за Роналдо само се чека одговорот, Ал Мамар изјави дека не го познавал Роналдо.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Каде е Роналдо“, праша новинарот, „Кој?“ одговори првиот човек на богатиот клуб.

„Не го познавате Ронадло“, возврати новинарот, а на тоа одговорот на првиот човек на Ал Наср беше дека не го познава.

Сигурно дека стануваше збор за шега, меѓутоа сепак неговата изјава привлече внимание на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…