Јаја Туре до пред неколку недели беше во немилост на новиот менаџер Пеп Гвардиола и неговото заминување од Манчестер Сити беше скоро извесно, но сега работите се променија.
Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити во поновата историја сега сака да остане на „Етихад“ и би прифатил да потпише нов договор за помала плата од актуелната доколку клубот му го понуди тоа.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Гвардиола ќе мора во иднина да му дава повеќе шанса за настап на Туре бидејќи екипата победи на сите пет натпревари на кои фудбалерот бил стартер, а по повредата на Илкај Гундоган кој ќе отсуствува до крајот на сезоната, Африканецот е идеалниот фудбалер на истата позиција во тимот.
Јаја Туре моментално заработува по 230.000 фунти неделно, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и сега на клубот е да одлучи дали ќе му понуди нов договор.