Иако низ медиумите се пренесуваше дека се е завршено, сепак на крајот не дојде до соработка.
До крајот на денешниот ден се очекуваше Тиери Анри да биде претставен како нов тренер на Астон Вила што за Французинот би бил прв самостоен тренерски ангажман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изгледаше дека Астон Вила ќе биде неговиот чекор напред, но клубот од „Вила Парк“ преку официјално соопштение потврди дека досегашниот тренер Стив Брус ќе добие поддршка.
„Астон Вила потврдува дека тренерот Стив Брус се сретна со сопствениците и дека ќе продолжи да работи како тренер со нивна целосна поддршка“, стои во соопштението на клубот кој некогаш беше шампион на Европа.
Значи, Брус доби уште еден обид да ја врати Вила во елитата.