Реал Мадрид ја променил позицијата во однос на евентуалната продажба на Мартин Одегард, пренесуваат англиските медиуми.
Во последно време се тврдеше дека „кралевите“ немаат намера да се откажат од Норвежанецот и Одегард сигурно ќе се врати од Арсенал, каде игра на позајмица.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меѓутоа, од „Сантиаго Бернабеу“ го промениле мислењето и сега се спремни да преговараат со „топџиите“ за евентуална продажба на Одегард.
Одегардд во јануари се пресели во Арсенал на позајмица до крајот на сезоната. Норвежанецот игра одлично на „Емирати“, па англискиот клуб е спремен да го задржи и наскоро ќе започне преговори со „кралевите“.