На големо беше најавен трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, но сега пристигнуваат малку поинакви информации.
Според француските новинари ПСЖ не сака да го продаде Мбапе под 200 милиони евра и ќе ја одбијат секоја понуда која е пониска. Причината за ваквиот однос на ПСЖ е тоа што треба да платат 35 милиони евра на Монако како дел од трансферот во кој пристигна од Монако пред неколку години.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
ПСЖ со ова ризикува затоа што ако не го продаде ова лето, Мбапе наредното ќе може да си замине бесплатно без оштета затоа што има само една година од договорот.