Дома Македонски спорт Пресврт и голема победа – Македонија во финале на Европската лига!

Пресврт и голема победа – Македонија во финале на Европската лига!

Одбојкарите на Македонија направија фантастичен пресврт во натпреварот против Данска и славеа со 2:3 на гостински терен, иако претходно имаа негатива од 2:0 во сетови.

Нашата репрезентација на стартот поведе со 0:2, но Данска направи пресврт и првиот сет го доби со 25:19. Нешто слично се случи и во вториот сет, а за наша среќа тука и заврши доминацијата на Данците.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Третиот сет го добивме со убедливи 14:25 и во тој момент нашите момци добија огромна самодоверба. Во четвртиот сет на домаќините им дозволивме да се доближат на 10:12, сетот го добивме со 20:25. Последниот и решавчки сет Македонија го доби со 11:15.

Иначе ова е трета година во низа Македонија да игра за трофејот во Европската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…