Дома Фудбал Останато Пресврт: Здравко Мамиќ пуштен од притовор

Пресврт: Здравко Мамиќ пуштен од притовор

Само еден ден по апсењето, Здравко Мамиќ е пуштен од притвор!

Долгогодишниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ денес е пуштен од притвор, пренесуваат медиумите во Хрватска и БиХ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој после вчерашното приведување е проследен во Сараево каде што денес во 10 часот се појави пред судот, два ипол часа подоцна стигна одлука дека тој не може да биде пренесен во Хрватска.

Веднаш потоа Мамиќ се обрати до новинарите.

„Се кон мене беше коректно и се заблагодарувам поради тоа. Горд сум на тоа што сум слободен граѓанин“, изјави Мамиќ.

Да потсетиме, Мамиќ во Хрватска беше осуден на 6.5 години затвор во процесот кој се водеше против него поради сомневање за малверации при трансферите на Лука Модриќ и Дејан Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…