Дома Фудбал Останато Динамо Загреб бара Мамиќ да врати 21 милион евра

Динамо Загреб бара Мамиќ да врати 21 милион евра

Најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб води судски спор против Здравко Мамиќ и бара отштета од 21 милион евра, односно парите кои наводно бизнисменот и неговите соработници ги украле додека го воделе тимот.

Мамиќ со години е во бегство, односно се наоѓа во Босна и Херцеговина од каде што ги коментира случувањата во клубот и Хрватска.

Според денес изнесените докази, Мамиќ ја има оштетерно клупската каса на Динамо за точно 7.311.316 евра. Најмногу од сите се бара од неговиот син Марио Мамиќ за кој клубот тврди дека украл 11.437.082 евра, додека екс-директорот Зоран Мамиќ се обвинува за 251.477 евра.

Обвинителството поднесе докази преку кои тврди дека Мамиќ успеал да создаде „злосторничко здружение“ и извлекувал пари од хрватскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …