Здравко Мамиќ летото 2008 година го продаде Лука Модриќ како 22-годишник на Тотенхем за 23 милиони евра, а албанските медиуми сега потсетуваат на фудбалерот кој не успеал да го доведе како негова замена.
Два месеци пред да замине Модриќ, Мамиќ го пикиер Јахмир Хјук како иделна опција за наследник на Модриќ. Таа 2008 година Албанија играше пријателски натпревар со Полска во Германија и Мамиќ имал прилика да присуствува на тој натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш го забележал Хјук со кого и скоро и да се договорил, му ветил дека во Динамо го чека бројот со 10. Хјук се врати со репрезентацијата во Тирана, а потоа Мамиќ по него во Тирана испратил приватен авион.
Но, Хјук кој тогаш бил играч на Олимпијакос во меѓувреме се премислил и место Динамо избрал да оди во германски Мајнц кој за него плати 300.000 евра оштета.
Интересно е да се види како потоа се одвиваа кариерерите на двајцата фудбалери, Модриќ и човекот кого Мамиќ го избра како негов наследник. Четири години подоцна Модриќ премина во Реал Мадрид каде што стана еден од најважните фудбалери и ја освои „Златната топка“.
Две години помладиот Хјук место не стигна ниту блиску да го оправда прекарот „албанскиот Меси“, а се пензионираше пред две години во Теута од Драч. По Мајнц играше за Панонионс, Тирана, Лузерн, Сан Хозе, Макаби Нетанјаху…