Дома Топ вести Пресврт: Донарума донесе одлука за својата иднина!

Пресврт: Донарума донесе одлука за својата иднина!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума повторно се наоѓа на крастосница.

Донарума со игрите во Милан се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа е случај веќе неколку години. Познато е дека уште во 2017. година беше пред заминување, откако Мино Раиола го убеди дека е време за амбициозен проект, но го послуша срцето и остана на „Сан Сиро“.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а за тоа веќе го известил својот агент Мино Раиола.

Милан сака да го продолжи договорот со истата плата од 6 милиони евра по сезона, додека Раиола бара покачување, па тоа е единствен проблем во моментов, но одлуката на Донарума е јасна – сака да остане во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…