Во последниот период се појавија информации дека Серхио Рамос ќе си замине од ПСЖ после само една сезона помината во Париз, но денес медиумите во Франција пишуваат нешто спротивно.
Рамос се мачи со повредите од кога дојде, никако не успева да врзе неколку натпревари во низа. Сепак, како што стојат работите тој нема намера да го напушти ПСЖ па и покрај тоа што повеќе време помина трибините отколку на теренот сака да остане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека Рамос сака да го одработи својот договор кој е со важност до 2023 година.
Сезонава поради повреда Рамос одигра само четири натпревари во францускиот шампионат, а не беше во составот на ПСЖ во двомечот против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид во кој „светците“ доживеаа елиминација.