За помалку од една недела Пари Сен Жермен ќе и гостува на Црвена Звезда во рамките од последното коло во Лигата на Шампионите, а Французите имаат итересни препораки за навивачите на „светците“.
Навивачите на ПСЖ од министерството за надворешни работи на Франција добија препорка пред натпреварот во Белград да не се шетаат низ српската престолнина со обележја на ПСЖ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освен тоа тие ги советуваат и новинарите на „Л’Eкип“ да не патуваат во Белград поради објавениот скандал за наводната „местенка“ помеѓу ПСЖ и Звезда.
„Влезници за натпреварот помеѓу Црвена Звезда и ПСЖ, навивачите на ПСЖ ќе можат да купат само од официјалната страна на францускиот клуб. Исто така испраќаме порака до француските државјани кои живеат во Србија да не се движат низ Белград со обележја на ПСЖ во следните неколку дена, посебно не на денот на одигрување на натпреварот“, стои во препораката до навивачите.
Причина за ваквата препорака е инцидентот кои се случи на „Паркот на принцовте“ во кој беше повреден еден српски навивач, па сега се стравува за можно реванширање.