Како што стојат работите, изгледа дека Леонардо Бонучи е многу блиску до враќање во Серија А.
Рома активно работи да го доведе италијанскиот дефанзивец во своите редови и му нуди опција договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бонучи по крајот на минатата сезона беше означен како вишок во Јувентус, па мораше да си замине и негова желба е да се врати во италијанскиот фудбал.
Спорд „Република“ преговорите помеѓу Рома и Бонучи се одвиваат добро и наводно остануваат само детали за се да биде официјализирано.
Рома поради повреда нема многу опции на позицијата централен дефанзивец. Освен тоа Ндика ќе замине на Африканскиот куп на Нации, па и тие што ги имаат дополнително ќе се намалат.