Дома Фудбал Англија Премиерлигашите испратија порака: Сега не е време за фудбал, ќе се вратиме кога ќе биде безбедно

Премиерлигашите испратија порака: Сега не е време за фудбал, ќе се вратиме кога ќе биде безбедно

Пандемијата со коронавирусот ги прекина сите спортски и фудбалски активности во Европа (освен Белорусија), а организаторите се мачат да пронајдат начин како сезоната да се заврши.

Погодена е и Премиер лигата секако, а клубовите од Премиер лигата се огласија со заедничко соопштение во кое порачуваат дека нема да играат фудбал додека не биде безбедно.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ковид-19 е голем предизвик кој носи неизвесност и нашите мисли се кај секој кој е погоден директно од овој вирус. Пораката од властите е јасна – останете дома и чувајте здравјето. Сите ние сакаме да му се вратиме на фудбалот што побрзо, но тоа ќе го направиме кога ќе биде безбедно. Знаеме дека навивачите имаат голем број прашања ама сега нема одговори. Сега не е време за фудбал, но фудбалот би можел да помогне во зајакнување на општеството и солидарноста“, стои во соопштението.

Последен пат фудбал во Премиер лигата се играше на 13. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала подготвува враќање кое го тресе континентот

Пауло Дибала би можел наскоро да направи еден од најголемите трансфери во аргентинскиот фу…