Намерите на Жоан Лапорта да направи драстични промени за следната сезона во однос на играчкиот кадар може да се одразат на Роберто Левандовски и неговиот статус во клубот.
Чави Ернандез по натпреварот во Жирона се пожали дека „повторно им недостига ефикасност“ и ова е ситуација за која многу се зборува на европската фудбалска сцена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По таквите најави се појавија информации за можно заминување на полскиот голгетер. Од Островот веќе се пишува и кој играч би го заменил во Каталнија.
Британскиот весник „Сан“ објави дека клубот од Каталонија веќе има избран кандидат за замена на „деветката“ на Барселона, а тоа би бил Дарвин Нуњез.
Дарвин не се снајде најдобро на последните два натпревари во Премиер лигата, на кои влезе од клупата за резерви, а во текот на целата сезона е критикуван поради неговите промашувања.
Исто така како најава за заминување се смета и неговиот последен потег каде што од социјалните мрежи ги избриша сите фотографии од дресот на Ливерпул и остави само приватни и оние од дресот на репрезентацијата на Уругвај.
Барселона очигледно ќе се обиде да ја искористи таа ситуација, а дали ќе успее ќе видиме во летниот преоден рок.