Килијан Мбапе едноставно блескаше во осминафиналето против Аргентина, тинејџерот денес ги засени сите на теренот, вклучувајќи го и Лионел Меси!
Тинејџерот беше пребрз за Аргентинците кои и тој е главната тема по завршувањето овој натпревар и ќе биде сигурно барем до 22 часот (додека не заврши натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај). Но таму сепак ќе бидат некои нешто постари играчи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потенцијалот на Мбапе беше познат и претходно, но од денес можеме дека тоа повеќе не е само потенцијал. Мбапе докажа дека може да игра големи натпревари и на само 19 години е еден од најдобрите играчи во светот!
Легендите се раѓаат на големи натпревари, а токму таков беше денешниот. Она што денес го направи Мбапе во историјата му успеало само уште на – Пеле!
Имено, на Светското првенство во 1958 година во финалето против Шведска постигна два погодоци. После цели 60 години, се до денес, ниту еден тинејџер не успеал на еден натпревар во нокаут фазата да постигне два погодоци.
Навистина, Пеле го направи тоа на 17 години и осум месеци, додека Мбапе има 19 и шест месеци, но тоа никако не го намалува неговото достигнување.
Вакво нешто не се гледа секој ден, ниту секоја година, па ниту цела деценија
Освен двата погодоци, не смееме да го заборавиме ниту спринтот по кој Рохо направи пенал над него, а сигурен реализатор беше Гризман.