Неверојатно, но кога изворот е еден од најдоверливите извори кога во прашање е НБА лигата, тогаш можеме да веруваме.
Познатиот новинар кој работи во ЕСПН, Адријан Војнаровски во јавноста пушти вест дека управата на Торонто го отпуштил Двејн Кејси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кејси пред неколку дена ја доби наградата за тренер на годината во НБА, а тоа предизвика огромни реакции бидејќи најдобриот тим од Источната конференција во регуларниот дел беше декласиран во плеј-офот од Кливленд.
Имаше навистина многу иронични коментари бидејќи Кејси го однесе признанието пред Бред Стивенс кој иако десеткуван го однесе Бостон од конференциското финале.
Според ова со сигурно сезоната 2017/2018 во НБА ќе остане запаметена по тоа што официјално најдобриот тренер на годината заработил отказ.
Toronto has fired coach Dwane Casey, league source tells ESPN.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) May 11, 2018