Дома Македонски спорт Пред натпреварот вечерва ние се потсетуваме на Шаќири, а Англичаните на – Вејн Руни!

Пред натпреварот вечерва ние се потсетуваме на Шаќири, а Англичаните на – Вејн Руни!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на гостински терен игра против Англија во рамките од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство 2024.

Прва асоцијација за секој македонски навивач за дуелите Англија – Македонија секако е легендарниот гол на Артим Шаќири постигнат во 2002 година на стадионот „Сент Мери“ во натпревар кој заврши без победник 2:2. Стрелци на тој натпревар беа уште Ванчо Трајанов за Македонија и Џерард и Бекам за Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ако ние денес се потсетуваме на Шаќири, Англичаните се потсетија на еден од своите најголеми напаѓачи во историјата, Вејн Руни. Поранешниот голгетер на Англија и Манчестер Јунајтед токму против Македонија, една година по тој натпревар на „Сент Мери“ го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата и така започна една голема приказна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…