Дома Фудбал Англија Пред Арсенал е најлудиот месец во сезоната!

Пред Арсенал е најлудиот месец во сезоната!

Фудбалерите на Арсенал рутински oсвоија три бода против Лутон, а кога ќе го погледне распоредот јасно е зошто Артета во вчерашниот натпревар одмораше некои од своите најдобри фудбалери.

Вчера одмор добија Сака, Рајс, Кивиор, Мартинели, бидејќи Арсенал веројатно го чека најтешкиот месец во сезоната. Арсенал од претстојниот викенд до 11 мај ќе одигра дури девет натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прво гостува кај Брајтон, па следи двомеч со Баерн, а измеѓу на „Емирати“ гостува незгодната Астон Вила.

По реваншот со Баерн, Арсенал гостува кај Волвс, го пречекува Челзи и оди на ново гостување кај Тотенхем, а потоа има полесен меч на домашен терен со Бурнмаут, а потоа следува дербито со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ на 11 мај.

На сето ова треба да се додаде и потенцијално полуфинале во Лигата на шампионите со Манчестер Сити или Реал Мадрид, доколку Арсенал го победи Баерн. Тие натпревари ќе бидат на 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.

Веројатно и не можеше потешко…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…